
Велес од следната сезона конечно повторно ќе биде прволигашки фудбалски град благодарение на доминантната сезона на Борец во Втората лига – Исток. А, еден од креаторите на извонредните резултати во пролетниот дел од сезоната, без сомнение, е младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски.
„Гол машината“ на велешани оваа пролет постигна извонредни 13 погодоци, притоа комплетно одбележувајќи го месец април со дури девет гола. Па, неизбежно се наметна во изборот на МАКФУДБАЛ за играч на месец април во Втората лига.
„Навистина, за мене е огромна чест да се биде добитник на ова признание. Искрено сакам да се заблагодарам на редакцијата на МАКФУДБАЛ, но и да потенцирам дека оваа награда е награда и на сите мои соиграчи без кои јас не би можел да функционирам. Ова е признание и на стратегот Горазд Михаилов кој има огромна доверба во мене давајќи ми комплетна поддршка низ текот на сезоната“ – вели Ѓорѓиевски, кој нескриено го привлече вниманието на комплетната македонска фудбалска јавност со игрите оваа пролет во дресот на Борец.
„Пласманот на Борец во Првата лига е резултат на една макотрпна работа на сите во клубот. Максималната професионална поставеност едноставно неизбежно носи резултати. Сето ова е дополнителен мотив за уште подобри игри следната сезона во елитното друштво и на најдобар можен начин да покажеме дека Велес заслужува прволигашки фудбал“ – дополнува голгетерот на велешани.
Одличните игри оваа пролет го издвоија Марко Ѓорѓиевски и како еден од најпосакуваните македонски фудбалери и за најквалитетните домашни прволигаши. Но, за него, како што вели, останува уште една сезона од договорот со Борец во која е сигурен дека ќе продолжи со квалитетните индивидуални изданија, а клубот ќе игра значајна улога и на прволигашката сцена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
