Шест гола на шест натпревари беа постигнати во премиерното коло од новата сезона во Првата фудбалска лига, секој убав на свој начин, а во изборот на МАКФУДБАЛ за ГОЛ НА КОЛОТО е избран погодокот на Александар Ристевски со кој Работнички стигна до победа од 1-0 над Борец.
Во 30.минута, Димитар Тодоровски изведе слободен удар, Ристевски умешно ги надмудри противниците во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на Борец.
Во тесна конкуренција за изборот за најубав гол беа и погодоците на Мартин Мирчевски (Академија Пандев) и на Христијан Кировски (Скопје).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski