
Македонија нема да биде дел од претстојното Европско првенство во Германија, но беше дел од минатото, и таму остави многу убав впечаток, барем со дресовите што ги носеше. Нашиот дрес дизајнираното сонце преку црвената позадина, им остана во памет на многумина, па и на познатиот фудбалски магазин „Фор фор ту“, кој го избра за петти најубав во историјата на шампионатите.
„Знамето на Македонија со светло жолто сонце изразено на црвена позадина е едно од најлудите во светот, така што беше сосема правилно што фудбалската репрезентација повеќе од суптилно го аплицираше на нивниот дрес на ЕВРО 2020, нивното деби на турнирите. Германскиот бренд „Јако“ никогаш нема да биде најкул производител на дресови, но никој не може да им го одземе овој брилијантен дрес кој на себе го носеше најголемиот играч на Македонија, Горан Пандев“, истакна познатиот фудбалски магазин за нашиот дрес.
Најубав во историјата на првенствата е дресот на Холандија од 1988 година дизајниран од „Адидас“, на второто место е култниот дрес на Германија од истиот шампионат (1988), а на третата позиција е дресот на Франција што го носеше генерацијата на Мишел Платини во 1984 година.
Пред македонскиот е и дресот на Англија од ЕВРО 1980 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
