
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Париз ќе ги дознае ривалите за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. „Црвено-жолтите“ се наоѓаат во дивизијата „Ц“, а според изгледот на барабаните нема да можат да се сретнат со Словачка, Северна Ирска и со Кипар.
Според пласманот од последното издание на ова натпреварување, УЕФА веќе ги одредила барабаните од кои ќе се формираат новите групи. Има селекции со сериозен квалитет кои би можеле да се најдат во група со Македонија, пред сѐ Шведска, Романија, Ерменија, кои се дел од првиот барабан.
Важно е да се напомене дека УЕФА го промени форматот на натпреварувањето за следната сезона. Сега ќе продолжат две селекции, со четвртфинале, полуфинале и финале. Третиот од групата игра плејоф, а последниот ќе испадне.
Првите две кола ќе се играат на 5. и 8. септември 2024 година, по што ќе следат уште два натпревари на 10. и 13. октомври и потоа финалето на 14. и 17. ноември. Елиминациската фаза е резервирана за 2025 година.
Четирите победници на Лигата на нации кои нема да се квалификуваат за Светското првенство во 2026 година ќе имаат можност да играат плејоф за да обезбедат пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Дивизија Ц
Барабан 1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Барабан 2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарските Острови
Барабан 3: Северна Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Барабан 4: Белорусија, Гибралтар/Литванија, Естонија, Летонија

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
