Connect with us

Македонија У17 убедлива против Малта

Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Малта и оствари убедлива победа од 3-0.


Нашите млади фудбалери, на тренинг центарот „Петар Милошевски” одиграа многу подобар меч од првата контролна пресметка и во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на селекцијата на Малта, постигнувајќи три гола за сосема заслужена победа.

Противникот во поголемиот дел од првото полувреме беше сконцентриран на одбрана на својот гол, чекајќи шанси од противнапад. Нашите фудбалери немаа одговор и идеја за таквата поставеност, не успеавме да се заканиме посериозно по нивниот гол. Тео Николовски имаше една добра прилика, шутираше од далечина, меѓутоа непрецизно.

Во продолжението одигравме многу порешително и со поголема мотивација.

Никола Величковски погоди за 1-0 во 53. минута од мечот. Веќе во следниот наш напад, Кире Стојанов погодува за 2-0. Мартин Ѓоргиевски асистираше за двата гола.

Конечните 3-0 беа дело на Умерфарук Сулејман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови