Connect with us

Македонија У16 ремизираше (1-1) против Црвена Звезда

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 ремизираше (1-1) против Црвена Звезда на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за пропуштените можности, особено во последните минути од средбата.


Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Македонија поведе со 1-0, а стрелец беше Ислами во 55. минути. Црвена Звезда успеа да израмни во 75. минута од мечот.

Нашата млада селекција продолжува со тренинг кампот и подготовките во Кичево по одиграниот контролен меч со Црвена Звезда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови