Connect with us

Македонија У16 ќе има два теста против Црна Гора

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Црна Гора.


Двата натпревари помеѓу овие две селекции ќе бидат одиграни во Црна Гора, на тренинг центарот во Подгорица.

Првиот дуел ќе биде одигран утре, со почеток во 15. часот. Два дена подоцна е закажана втората средба со почеток од 11. часот.

Селекторот на Македонија до 16 години, Вујадин Станојковиќ за претстојните натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Андреј Велков (Брегалница), Анес Мељичи (Шкендија), Никола Стојковски (Работнички), Генц Кќику (Работнички), Андреј Љубевски (Работнички), Кристијан Галевски (Академија Пандев);

Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Дарио Јакимовски (Македонија Ѓ.П.), Дарко Сековски (Вардар), Валдет Јакупи (Академија Буркенланд , Австрија), Даниел Коцев (Работнички), Никола Манојлов (Работнички);

Напад: Алтин Алији (Вардар), Стефан Младеновски (Вардар), Веби Ислами (Шкендија), Мухамед Елмас (Работнички).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови