Connect with us

Македонија на 69. позиција на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 69.место на најновото рангирање на ФИФА. Тоа е пад на една позиција во однос на минатото рангирање.


Македонија забележа реми (1-1) и пораз (0-1) на последните пријателски натпревари против Молдавија и против Црна Гора.

На врвот нема големи промени. Аргентина и понатаму е прворангирана светска репрезентација, пред Франција и пред Белгија, која ја зазеде позицијата на Англија која сега е четвртопласирана во светот.

Во Топ 10 се и селекциите на Бразил, Португалија, Холандија, Шпанија, Италија и на Хрватска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови