Connect with us

Македонија на 3. јуни ќе одигра пријателски меч против Хрватска

Македонската А репрезентација на 3. јуни 2024 година ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека.

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. 

Последниот меч против Хрватска го одигравме на 12. октомври 2012 година од квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, противникот славеше со 2-1. На досегашните осум  дуели против Хрватска, Македонија има една победа (17.11.2007, 2:0, квалификации за ЕП 2008)) и два нерешенни резултати.  

„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари“, изјави селекторот Благоја Милевски. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови