Connect with us

Македонија ЃП го потпиша Либериецот Абу Камара

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП потпиша договор со либерискиот напаѓач Абу Камара кој во изминатиот период беше на проба во составот на Александар Таневски. Тој задоволи на двата теста против Работнички и против Нефтохимик и доби договор од раководството на „лавовите“.

Абу Камара има 24 години и претходно играше за Дуќанџини на Косово, а бил дел и од Фероникели, Рудар Велење. Се работи за корпулентен напаѓач кој треба да ја засили конкуренцијата во тимот на Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови