Connect with us

Македонија ЃП го постави Бобан Грнчаров за нов шеф на стручниот штаб

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП го именуваше официјално Бобан Грнчаров за нов шеф на стручниот штаб на тимот. Тој доаѓа на местото на Тони Џангаровски кој се раздели со клубот по поразот (1-2) од Воска Спорт на домашен терен.

Грнчаров во минатото беше тренер на Вардар и успеа да го внесе во елитата.

Сега ќе има нова задача, да се обиде да ја извлече Македонија ЃП од опасната позиција на табелата и да обезбеди опстанок.

Бобан Грнчаров ќе дебитира утре, на гостувањето кај актуелниот шампион Струга Трим Лум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови