Connect with us

Мајк Мањан се враќа на голот на Милан следниот викенд

Голманот на Милан, Мајк Мањан, ќе се врати на теренот по петмесечно отсуство поради повреда на потколеницата. Французинот сега е целосно закрепнат и се очекува да се појави во составот против Аталанта следниот викенд.


Мањан последен пат играше во поразот од 1-2 од Наполи на 18 септември минатата година. Повредата го спречи да учествува на Мундијалот во Катар, но тешкиот период сега е зад чуварот на мрежата.


Во негово отсуство, ветеранот Ципријан Татарушану стана избор број 1 на голот на Милан.
Исмаел Бенасер, кој многу недостасува во средниот ред, исто така е пред враќање, а идентичен е случајот и со ветеранот Златан Ибрахимовиќ.


Швеѓанецот беше во тимот за последните неколку натпревари на Милан, но сѐ уште го чека првиот официјален натпревар од мај минатата година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови