Connect with us

Махрез со голот против Лајпциг влезе во одбрано друштво

Фудбалерите на Манчестер Сити како гости ремизираа 1-1 против Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Овој меч најмногу ќе го памети напаѓачот на „граѓаните“ Ријад Махрез, кој погоди за Сити и го запиша своето име во историјата на фудбалот во Африка.


Алжирецот во Лајпциг го постигна 20. гол во Лигата на шампионите и со тоа стана петтиот африкански фудбалер кој постигнал 20 или повеќе голови во елитното европско клупско натпреварување.


Најдобри на оваа листа се актуелниот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах од Египет и легендата на Челси и Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, кои постигнаа по 44 гола во елитата.


Зад нив е камерунскиот напаѓач Самуел Ето, кој се прослави во Барса и Интер, со кои беше шампион на Европа, а во Лигата на шампионите постигна точно 30 гола.


Сенегалецот Садио Мане, поранешен играч на Ливерпул кој минатото лето се пресели во Баерн Минхен, постигна три гола помалку од Ето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови