Connect with us

Маестро Пандев со лекција и за СПАЛ (видео)

Горан Пандев уште еднаш покажа зошто се уште не му е време за пензионирање, откако Македонецот блесна на дуелот против СПАЛ, носејќи значајна предност на тимот на Џенова.

Мечот е од исклучително значење за Џенова во битката за опстанок, а Пандев одговори на предизвикот кога беше најважно, па првата шанса на мечот ја претвори во гол откако со леснотија се ослободи од противничкиот фудбалер, а потоа во манир на голем стрелец го погоди десниот долен агол од голот на гостите.

Ова беше деветти гол сезонава за Пандев во Калчо-лигата, со што Македонецот е најдобар стрелец на Џенова.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови