Connect with us

Лукас Хернандез успешно опериран

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лукас Хернандез, го оперираше менискусот, објави германскиот шампион. Тој заработил повреда на левото колено на Европското првенство.


„Лукас Хернандез беше успешно опериран на левото колено. Францускиот репрезентативец го скина менискусот на Европското првенство”, се вели во соопштението на Баерн.

Хернандез се повреди за време на натпреварот меѓу Франција и Португалија во третото коло од групната фаза на Европското првенство.

Баерн не прецизираше колку долго ќе отсуствува Хернандез, но се очекува тој за околу еден месец да биде подготвен за враќање на терените.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови