Connect with us

Лука Модриќ чува рекорд од кој Аргентина треба да се плаши

Полуфиналната пресметка на Светското првенство меѓу Аргентина и Хрватска е претставена и како дуел меѓу двете суперѕвезди – Лео Меси и Лука Модриќ.


Хрватот има достигнување кое дефинитивно треба да ги загрижи „гаучосите“. Лука Модриќ е играчот со најмногу победи на пенали во историјата на светските првенства. Исто така тој успеал да реализира при ударите од белата точка.

Ѕвездата на Хрватска постигна гол во сите три наврати од пенал – против Данска (2018), Русија (2018) и Бразил (2022).

Италијанската легенда Роберто Баџо изведе три пенали, но реализира само два, промашениот е добро познат – во финалето против Бразил на Светското првенство во 1994 година.

Секако, тоа не значи дека Лука Модриќ е без грешки – промаши пенал против Данска на последното Светско првенство во Русија. Сепак, тоа се случи во продолженијата од натпреварот, пред пеналите.

Знаејќи ги достигнувањата на Хрватска во продолженијата и на пенали, како и стабилните настапи на Доминик Ливаковиќ на голот на „коцкестите“, Аргентинците тешко дека ќе сакаат работите да се решаваат после регуларното време.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови