Connect with us

Лук Шо потпиша договор со Манчестер Јунајтед до 2027 година

Бекот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, потпиша нов договор со клубот кој ќе го задржи на „Олд Трафорд“ до летото 2027 година. Дефанзивецот е дел од „црвените ѓаволи“ од 2014 година и за тоа време акумулираше 249 натпревари за тимот во сите конкуренции, а воедно забележа и 29 натпревари за репрезентацијата на Англија.


„Потпишав за овој брилијантен клуб пред девет години и исклучително сум среќен што ќе го продолжам мојот престој овде. Многу пораснав откако дојдов овде, и како играч и како личност. Знам што е потребно за да се биде успешен дел од овој клуб“, изјави Шо по потпишувањето на новиот договор.

„Сите можат да видат дека клубот оди во вистинска насока. Имам големи амбиции да останам овде и да освојам титули под водство на новиот менаџер и неговите идеи. Едвај го чекам тоа“, додаде левиот бек, кој важи за најдобрите на својата позиција во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови