Connect with us

Лук де Јонг го засили нападот на Порто

Порто приреди еден од најнеочекуваните моменти во фудбалот последниве недели, откако сосема ненадејно го објави ангажманот на напаѓачот Лук де Јонг. Никој не претпоставуваше за овој трансфер сè додека, за време на официјалното претставување на тимот за новата сезона, непосредно пред почетокот на последниот летен пријателски натпревар против Атлетико Мадрид, ненадејно не беше објавено името на Холанѓанецот.


Играчот веднаш излезе на теренот пред изненадените навивачи.

Голгетерот, кој наскоро ќе наполни 35 години, пристигнува како слободен агент, откако последно играше за ПСВ Ајндховен.


Де Јонг потпиша договор со португалскиот клуб на една сезона, со можност за продолжување на уште 12 месеци.

Во својата долга кариера, Лук де Јонг има постигнато 282 голови и 148 асистенции на повеќе од 650 натпревари. Тој дури и настапуваше за Барселона, за која одигра 29 меча во сезоната 2021/22.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови