Уругвајската ѕвезда Луис Суарез откри дека бил блиску до трансфер во Ривер Плата, но по елиминацијата на тимот во Копа Либертадорес од Велез Сарсфилд, таа опција пропаднала.
„Бев многу возбуден поради можноста да одам во Ривер и да играм во Копа Либертадорес. Беше сон да се освои куп во Јужна Америка. Откако Ривер доживеа елиминација, таа можност отпадна“, призна уругвајскиот напаѓач.
„Пред месец и половина реков дека нема да ја напуштам Европа, но Ривер толку многу инсистираше што размислував за тоа и постоеше можност. На секој фудбалер му треба љубов и Ривер ми ја даде. Но, за жал, дојде елиминацијата“, додаде тој.
Луис Суарез е непријатно изненаден што засега нема понуда од ниеден уругвајски клуб.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski