Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, упати јасно предупредување до Арсенал пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу двата тима, истакнувајќи дека лондончани сè уште немаат освоено трофеј во најпрестижното европско клупско натпреварување.
Францускиот гигант веќе ги елиминира Ливерпул и Астон Вила на патот до завршницата, а сега гледа кон Арсенал како следна пречка на патот кон посакуваниот европски триумф.
„Би сакал да ве потсетам дека Арсенал никогаш нема освоено Лига на шампиони. Само еден од нас ќе стигне до финалето и се надевам дека тоа ќе биде ПСЖ“, изјави Енрике на прес-конференцијата пред дуелот, притоа доведувајќи ја во прашање и надмоќта на англиската елита.
„Сите зборуваат за Премиер – лигата како за најдобрата лига во светот. Не сум сигурен дека се согласувам со тоа“, дополни Шпанецот.
Арсенал го победи ПСЖ со 2-0 во натпревар од групната фаза во октомври, но Енрике не смета дека тој резултат е релевантен.
„Тоа беше на 1 октомври – пред седум-осум месеци. Сега е сосема поинаку. Го анализиравме натпреварот и видовме колку сме напредувале – сега сме покомплетен тим“, објасни тој.
„Нашата следна цел е да ја промениме историјата, а единствениот начин да го сториме тоа е преку победи.“
На прашањето дали победите над англиските тимови им даваат психолошка предност, тренерот на ПСЖ додаде:
„Можеби тоа е прашање за господинот Артета. Но што се однесува до нашата самодоверба – да, тие победи беа многу значајни. Го победивме Ливерпул, кој ја освои титулата во Англија оваа сезона. Но тоа не значи ништо – секој натпревар е различен.“
„Арсенал е еден од најдобрите тимови со кои сме се соочиле. Без сомнение. Тие се втори во Премиер лигата веќе три сезони по ред. Не знам дали се најдобри, но сигурно се меѓу најдобрите“, заврши Енрике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













