Connect with us

Лудогорец е противникот на Шкендија во плејофот на Лига Европа

Бугарскиот првак Лудогорец е следниот ривал на Шкендија во плејофот за пласман во групна фаза на Лига Европа. По елимимацијата од Карабах, Шкендија се сели во второто по ранг европско натпреварување, а таму ќе има шанса низ двомеч против Лудогорец да се избори за пласман во групите од Лига Европа.

Лудогорец вечерва загуби од Ференцварош на гости со 3-0, а првиот меч во Бугарија заврши без голови. Ференцварош славеше со двата гола на Барнабас Варга и погодокот на Габор Шалаи.

Првиот меч ќе се игра во Скопје следниот четврток (21 август), а потоа следи и реваншот во Разград, седум дена подоцна (28 август).

Лудогорец е квалитетен тим, со многу интернационалци и бугарски репрезентативци, а тренер е португалскиот стратег Руи Мота.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови