Connect with us

Љуботен и Тиверија Брера во финална пресметка за куп-трофејот кај дамите

На стадионoт на ФФМ во Скопје, денеска од 14 часот, ќе се одигра финалето од женскиот фудбалски Куп на Македонија, во кое ќе се сретнат најдобрите две екипи сезонава – Љуботен и Тиверија Брера. Влезот за натпреварот е бесплатен.

Љуботен влегува како бранител на трофејот, откако го освои Купот во последните две сезони и никогаш досега не загубил финале. Тимот од Тетово е и троен актуелен шампион на Македонија, а оваа сезона има пет бода предност токму пред Тиверија Брера во борбата за нова титула.

Од друга страна, Тиверија Брера го има освоено Купот еднаш – во 2018 година, но има и два финални порази. Тимот од Струмица има голема мотивација да стави крај на доминацијата на Љуботен.

Сè укажува на многу квалитетен и неизвесен дуел, во кој и двете екипи ќе бркаат историја – Љуботен да ја продолжи доминацијата, а Тиверија да ја прекине и да го освои вториот Куп во историјата.

Интересен податок пред финалето е дека двете екипи стигнаа до завршниот натпревар без примен гол.

Љуботен
Порече 21-0
Вардар 8-0
Каменица Саса 2-0

Тиверија Брера
Билјанини Извори 21-0
Атлетико 5-0
Скопје 1-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови