Connect with us

ЛШ: Мура со триумф си замина од Скопје, Шкендија далеку од најдоброто издание (ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкендија имаше очаен старт на европското лето откако загуби од Мура (0-1) на Националната арена „Тодор Проески“ во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тимот на Ернест Ѓока можеби и не беше инфериорен, но не успеа да го стори тоа што Мура лесно го реализира, да го претвори пеналот во гол.


Во 28.минута, Лука Бобичанец беше успешен реализатор на најстрогата казна и го совлада Захов, откако Јан Кривак претходно грубо стартуваше и „подари“ пенал за Мура.


Во 45.минута, Бесарт Ибраими самиот изнуди пенал, но и не успеа да го претвори во погодок. Неговиот шут од белата точка заврши крај голот.


Во вториот дел, Егзон Бејтулаи се закани со удар со глава, Бесарт Ибраими се обиде да го исправи промашувањето од првото полувреме, но, сепак мрежата на Мура остана мирна.


Словенечкиот шампион оствари минимална победа и има убава предност пред реваншот што ќе се одигра за седум дена во Словенија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови