Интер се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите откако го победи Плзен со 4-0 на „Џузепе Меаца“ и го осигура второто место во „групата на смртта“ од која испаѓа Барселона. Уште пред вечерашниот меч со Баерн Минхен, каталонскиот тим нема веќе шанси за пласман во нокаут фазата од ЛШ.
Хенрик Мхитарјан со удар со глава погоди и го отвори резултатот во 35.минута, а пред крајот на првиот дел Един Џеко зголеми на 2-0. Босанскиот интернационалец беше стрелец и на третиот гол, а потоа шанса доби и опоравениот Ромелу Лукаку, кој постигна погодок за конечни 4-0 во 87.минута.
Порто на убедлив начин ја освои Белгија победувајќи против Клуб Бриж со 0-4. Белгискиот тим е веќе во осминафиналето, па малку и се опушти, а тоа го искористија Португалците. Двоен стрелец беше Тареми, а во листата се запишаа и Еванилсон и Еустакио. Покрај ова, за одбележување се и одбраните на голманот на Порто, Диого Коста. Тој двапати одбрани пенал. Во првиот обид на Ванакен, но судијата го повтори изведувањето, а потоа го одбрани и шутот на Ланг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













