Connect with us

ЛШ: Адејеми го олади Челси, Бенфика блиску до четвртфиналето (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд во феноменална атмосфера на „Сигнал Идуна парк“ го совлада Челси со 1-0 и обезбеди предност пред реваншот во Лондон, во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.

„Милионерите“ сигурно беа инспирирани и од прекрасната кореографија на „жолтиот ѕид“, а благодарноста на најдобар можен начин ја искаќа Карим Адејеми со голот во 63.минута.

Покажа неверојатна брзина и умешност, го претрча Енцо Фернандез и го надмудри Кепа Аризабалага.

Бенфика со триумф од 0-2 си заминува од Белгија по првата пресметка со Клуб Бриж. Жоао Марио од пенал донесе водство во 51.минута, а Давид Нерес во 88.минута постигна и втор гол што сигурно е капитална предност за португалскиот тим во пресрет на реваншот во Лисабон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови