Connect with us

Ливерпул тргнува по Алексис Мекалистер

Англискиот премиерлигаш Ливерпул планира голема реконструкција на тимот без разлика на позицијата на која „црвените“ ќе ја завршат тековната сезона. Според последните информации од Островот, Ливерпул ги забрзал преговорите со Алексис Мекалистер, кого Брајтон тешко ќе го задржи во летниот преоден рок.


Аргентинецот имаше одлични настапи на Светското првенство, потоа Роберто Де Зерби му ја најде вистинската позиција и во Брајтон и сите погледи се вперени кон него до крајот на сезоната.

Се споменуваше и трансфер во Челси, но сѐ беше запрено со заминувањето на Грем Потер, па Ливерпул скокна во прв план.

Мекалистер може да игра на повеќе позиции и во неколку системи и е навистина благодарен играч за идеите на Клоп.

Средниот ред на Ливерпул бара најголеми промени, а Мекалистер без сомнение би бил вистинско освежување.

Клоп го посакува и Џуд Белингем, но тоа е многу поголема финансиска инвестиција за тимот од „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови