Раководството на Ливерпул ја испратило својата прва официјална понуда за Флоријан Вирц до Баер Леверкузен. Понудата изнесува 100 милиони евра плус дополнителни бонуси, а раководствата на двата тима ќе седнат на маса следната недела за да ги разгледаат деталите на договорот.
Од „Енфилд“ сакаат што побрзо да ја завршат зделката за Германецот, со цел да избегнат непријатни изненадувања и евентуална појава на друг клуб кој би можел да ја зголеми цената на фудбалерот и да предизвика натпревар во наддавање.
Уште пред неколку дена се појавија информации дека Манчестер Сити се повлекол од трката за потписот на Флоријан Вирц, додека Баерн Минхен признал дека играчот ги одбил, што практично го остава Ливерпул како голем фаворит за неговиот потпис. Самиот играч се проценува на околу 140 милиони евра.
Во завршената сезона, Вирц имаше импресивна статистика со 16 голови и 15 асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања за Баер Леверкузен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













