
Ливерпул вечерва гостува во Португалија и ќе се обиде да испише нова клупска историја. Доколку тимот на Јирген Клоп ја победи Бенфика во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, ќе го израмни сопственото постигнување од сезоната 1983/84 со пет последовни победи како гостин во ова натпреварување.
Ливерпул во групната фаза победи на гостувањата кај Порто, Атлетико Мадрид и Милан, а во осминафиналето го победи и Интер на „Џузепе Меаца“.
Сепак, токму Бенфика е тимот што ја прекина победничката серија на Ливерпул и во таа 1984 година. Тогаш, во осминафиналето Бенфика победи со 1-0 на домашен терен.
„Подготвени сме за надигрување, а Бенфика е феноменален тим. Нема да биде лесно, но тоа никој и не го очекува во четвртфиналето од Лигата на шампионите“, изјави Јирген Клоп.
Бенфика во претходната рунда го елиминираше Ајакс, а Ливерпул беше поуспешен од Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
