Connect with us

Ливерпул размислува да го отпушти Јирген Клоп

Англискиот премиерлигаш Ливерпул се соочува со пропадната сезона откако загуби убедливо (2-5) од Реал Мадрид на „Енфилд Роуд“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Ова може да значи и промена на кормилото на „црвените“.


Медиумите на Островот откриваат дека раководството на клубот сериозно ја разгледува можноста да го отпушти Јирген Клоп поради слабите резултати оваа сезона. Ливерпул е елиминиран од ФА купот на Англија и исто така е пред елиминација во Лигата на шампионите. Од друга страна, тимот е далеку и од позициите кои носат пласман во ЛШ за следната сезона.

Како можен наследник на Јирген Клоп се најавува сегашниот тренер на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман. Тој наводно има желба да се пресели во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови