Connect with us

Ливерпул подготвува нов трансферен удар – 100 милиони фунти за Ентони Гордон!

По договорениот рекорден трансфер на Флоријан Вирц, Ливерпул не застанува. Според медиумите на Островот, клубот од „Енфилд“ е подготвен да испрати понуда од дури 100 милиони фунти за крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон.

„Црвените“ минатото лето се обидоа да го донесат брзоногиот Англичанец, во време кога „чавките“ беа под притисок од правилата за финансиски фер-плеј. Иако трансферот тогаш не се реализираше, а Гордон потпиша нов договор со клубот, сега ситуацијата е поинаква – Њукасл нема итна потреба од продажби, но интересот од Ливерпул не стивнува.

Освен Гордон, Ливерпул внимателно го следи и Александер Исак. Сепак, Њукасл постави висока цена за шведскиот голгетер – дури 150 милиони фунти – што значително ги намалува шансите за евентуален договор.

Клубот од Мерсисајд сериозно планира реконструкција во нападот, а извори блиски до клубот тврдат дека е можно заминување на Дарвин Нуњез и Луис Дијаз, што би ја балансирало сметката и би отворило простор за нови ѕвезди на „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови