Connect with us

Ливерпул остана без Диого Жота во наредните две седмици

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска потврди дека Диого Жота заработил нова повреда.

Португалецот се повреди во победата над Фулам и ќе отсуствува околу 15 дена, што значи дека ќе го пропушти претстојниот „Мерсисајд дерби“.

„Жота се здоби со полесна повреда и нема да можеме да сметаме на него околу две недели“, потврди Клоп.

Освен на гостувањето на „Гудисон парк“, Жота ќе ги пропушти и дуелите со Вест Хем и со Тотенхем.

Се очекува повторно во напаѓачкото трио да бидат Луис Дијаз, Мохамед Салах и Дарвин Нуњез, иако не е невозможно да игра и Коди Гакпо.

Натпреварот Евертон – Ливерпул се игра утревечер од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови