
Англиските фудбалски премиерлигаши Ливерпул и Челси ќе влезат во уште една битка на трансфер пазарот. Овојпат и двата тима се насочени кон Крисенсио Сомервил од Лидс Јунајтед, пренесуваат медиумите во Англија.
Ливерпул и Челси и минатото лето конкурираа за потписите на двајца играчи, Ромео Лавија и Моисес Каиседо, кои ги избраа понудите на „сините“ во последните секунди.
Сомервил импресионираше со тимот на Лидс Јунајтед оваа година и предизвика интерес кај двата гиганти од Премиер – лигата. Тој беше избран за најдобар играч на Чемпионшип откако постигна 21 гол и девет асистенции, но неговиот тим не успеа да стигне до елитата.
Сомервил, 22-годишниот крилен напаѓач од Холандија, има уште две години од договорот со Лидс Јунајтед. Сѐ уште нема забележано деби со репрезентативниот тим на „лалињата“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
