Connect with us

Ливерпул го прескокна Фулам (ВИДЕО)

Ливерпул им се врати на победите во Премиер – лигата и ја продолжува трката за шампионската титула. „Црвените“ го совладаа Фулам на гости со 1-3 и се израмни на врвот на табелата со Арсена, со по 74 бода.

Трент Алекандер Арнолд во 32.минута донесе предност за Ливерпул, но Фурлам израмни преку Тимоти Кастањ пред крајот на првото полувреме.

Во вториот дел сепак гостите дојдоа до триумф. Рајан Гравенберх постигна убав гол во 53.минута, а Диого Жота го потврди триумфот со голот во 72.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови