Англискиот шампион Ливерпул сериозно се активира на летниот трансфер пазар и во моментов работи на доведување на тројца фудбалери од германската Бундеслига. Според информациите, „црвените“ веќе се во напредна фаза за неколку договори, додека еден од нив е речиси комплетиран.
Најблиску до потпис со англискиот гигант е Џереми Фримпонг, десниот бек на Баер Леверкузен, кој веќе пристигна во Англија и се очекува во наредните часови официјално да биде претставен како нов фудбалер на Ливерпул. Холандскиот репрезентативец ќе донесе брзина, офанзивна моќ и конкуренција на десната страна од одбраната.
Паралелно со тоа, клубот од „Енфилд“ ги интензивираше преговорите со Борнмут за левиот бек Милош Керкез. Унгарскиот интернационалец веќе го прифатил личниот договор со Ливерпул, а останува уште да се постигне договор околу отштетата со англискиот премиерлигаш.
Но тоа не е сè – Ливерпул работи и на потенцијално голем трансфер на офанзивниот бисер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Младиот германски репрезентативец е една од најпосакуваните ѕвезди во Европа, а „црвените“ се подготвени да влезат во трка со други европски гиганти за неговиот потпис.
Дополнително, клубот има интерес и за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Екитике, кој би можел да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













