Крилниот напаѓач Лирој Сане и Баерн Минхен постигнале договор за продолжување на договорот кој истекува на крајот од сезоната, објави „Билд“. Се очекува сите детали околу новиот договор да бидат финализирани следната недела.
Продолжувањето на договорот ќе биде до летото 2028 година со плата од 10 милиони евра по сезона, плус дополнителни 5 милиони во форма на бонуси. Раководството на клубот било импресионирано од посветеноста на Сане, кој се согласил неговата плата да биде намалена во однос на досегашната.
Покрај тоа, германскиот репрезентативец ја одбил понудата од саудискиот Ал-Итихад, кој му нудел годишна плата од околу 25 милиони евра. Така, 29-годишниот играч ќе остане на „Алијанц Арена“, каде што игра од летото 2020 година.
Досега има одиграно вкупно 216 натпревари со 59 голови и 54 асистенции за баварскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













