Манчестер Јунајтед би можел да се раздели со десетмина од своите играчи ова лето во нов обид за сериозна „чистка“ на составот, која започна минатата година, информира „Манчестер Ивнинг Њуз“. На „Олд Трафорд“ веќе ја планираат иднината без ветераните Џони Еванс и Том Хитон, кои треба да се повлечат на крајот од сезоната, како и без Кристијан Ериксен и Виктор Линделоф, чии договори истекуваат.
Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо се на позајмица и имаат клаузули во своите договори, а „црвените ѓаволи“ се надеваат дека тие ќе бидат активирани, како што е планирано. Слична е ситуацијата и со Ентони, кој нема откупна клаузула во договорот со Бетис, но англискиот клуб се надева дека неговите добри настапи во андалузискиот тим ќе предизвикаат поголем интерес за него.
Од Манчестер Јунајтед се отворени за можноста да продадат и голем дел од останатите играчи доколку пристигнат доволно добри понуди. Ситуацијата останува нејасна и околу играчи како Алтај Бајиндир, Лук Шо и Тајрел Маласија.
Правилата за профитабилност и одржливост на Премиер – лигата и понатаму создаваат финансиски предизвици за клубот, бидејќи цената на играчите се пресметува врз основа на платената трансферна сума, распределена низ времетраењето на нивниот договор. Во тој контекст, Кашемиро беше купен за 60 милиони фунти со четиригодишен договор, што значи дека ова лето Јунајтед ќе бара 15 милиони фунти за да избегне финансиски загуби.
Ентони, кој чинеше малку над 80 милиони фунти и има петгодишен договор, оваа година треба да генерира меѓу 32 и 33 милиони фунти за да не предизвика загуба за клубот.
Во Манчестер Јунајтед ќе ја одложат конечната одлука за трансферите додека не се разјасни дали ќе се пласираат во европските натпреварувања. Единствената можност за тоа е освојување на Лига Европа. Последен пат „црвените ѓаволи“ не играа во Европа во сезоната 2014/15, кога одиграа само 44 натпревари.
Оваа сезона, во која настапуваат во Лига Европа, веќе одиграа 46 натпревари и ќе одиграат најмалку уште 11 до крајот на сезоната.
Манчестер Јунајтед минатото лето забележа рекордни приходи од продажба на играчи – 110 милиони фунти. Во последните две години клубот оствари најдобри финансиски резултати од продажба на играчи од својата академија, како Андреас Переира, Џејмс Гарнер, Антони Еланга, Дин Хендерсон, Мејсон Маунт и Скот Мектоминај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













