Реал Мадрид ја заврши сезоната со стил, победувајќи го Реал Сосиедад со 2-0 во последното коло од Ла Лига. Натпреварот на „Бернабеу“ беше одбележан не само со сигурната победа, туку и со емотивното збогување на две клупски легенди — Лука Модриќ и Лукас Васкез. Тоа истовремено беше и збогување со легендарниот тренер Карло Анчелоти.
Херој на мечот беше Килијан Мбапе, кој со два погодоци ја потврди победата на „кралевите“. Во 38. минута, Французинот најпрво не реализираше пенал, но одбиената топка ја смести во мрежата за 0-1. Во второто полувреме продолжи притисокот на Реал, а Мбапе го потврди триумфот со нов гол во 84. минута, поставувајќи ги конечните 0-2.
"Thank you, legend."
— ESPN FC (@ESPNFC) May 24, 2025
"Thank you, Carletto."
Real Madrid fans' tributes for Luka Modric and Carlo Ancelotti before their final match with the club 🤍 pic.twitter.com/7FD6LUcLuj
Овој натпревар останува запаметен по збогувањата. Лука Модриќ по 13 години, пет титули во Лигата на шампионите и безброј „кралски“ моменти, се простува од Реал. Лукас Васкез, исто така, го одигра својот последен натпревар во дресот на клубот, по десет години верна служба.
Една ера заврши, заминува и Карло Анчелоти, но со Мбапе како нов лидер, Реал влегува во ново поглавје со високи амбиции. Клупата ќе ја преземе Чаби Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













