Нант ремизираше (1-1) на гости против Јувентус и ги зголеми шансите за пласман во следната рунда од Лигата на Европа. Душан Влаховиќ во 13. минута донесе предност за „старата дама“, но израмни Лудовик Блас во 60.минута од дуелот.
Севилја знае како се освојуваат трофеи во ова натпреварување, па го победи ПСВ Ајндховен дома со 3-0. Ен Несири го отвори резултатот, а Окампос и Гудељ во вториот дел обезбедија убедлива предност пред реваншот.
Монако славеше со 2-3 на гости кај Баер Леверкузен, а Спортинг Лисабон ремизираше (1-1) на домашен терен против Митјиланд.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski