Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, за италијансиот весник „Газета дело Спорт“ зборуваше за својот поранешен соиграч Ромелу Лукаку.
Лукаку минатата сезона ја мина на позајмица во Интер од Челси, но тој период го одбележаа повредите кои го држеа надвор од форма во поголемиот дел од сезоната. Сепак, на крајот од сезоната ја најде својата форма и беше многу важен фактор за пласманот на Интер во финалето на Лигата на шампионите. Челси не смета на него, па Белгиецот е во потрага по нов клуб.
Се очекуваше, по заминувањето на Един Џеко во Фенербахче, тој да остане во Интер, но таа зделка многу брзо пропадна.
Лукаку наводно преговарал со Јувентус, иако во 2021 година, по освојувањето на „скудетото“ со Интер и пред неговиот трансфер во Челзи, рекол дека никогаш нема да замине во торинскиот клуб или Милан. Ваквиот потег на Белгиецот, кој беше херој на клубот во изминатите сезони, навивачите на Интер би го сметале за предавство.
Целата сага ја коментираше Мартинез, новиот капитен на Интер.
„Ромелу ме разочара, вистина е. Се обидов да му се јавам поради хаосот, но тој никогаш не ми одговори, исто како што не одговори на другите соиграчи. Разочаран сум по толку многу години и ситуациите во кои сме биле заедно. Сепак, тоа е негов избор. Му посакувам сѐ најдобро, иако не очекував вакво однесување“, изјави Мартинез за „Газета“.
Лукаку во текот на кариерата играше за Лирс и Андерлехт во Белгија, потоа за Челси, ВБА, Манчестер Јунајтед и Евертон во Англија и за Интер. Најдобрите денови ги помина во миланскиот клуб, за кој на 132 настапи постигна 78 гола и забележа 23 асистенции.
Во сезоната 2020/21 ја освои Серија А, како дел од убиствениот напаѓачки тандем со Лаутаро Мартинез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













