Connect with us

Лаутаро Мартинез: Не сакавме да ја испуштиме оваа уникатна можност

Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез, не можеше да ја сокрие огромната радост поради освојувањето на титулата во Серија А. „Нероаѕурите“ го совладаа Милан со 2-1 во градското дерби и по 20. пат во својата историја станаа шампиони.


„Работевме и многу страдавме за да ја заслужиме оваа среќа. Победата ја посветувам на моето семејство и на моите деца – тие се најпрекрасното нешто што ми го дал животот“, изјави Мартинез.

„Победата на дербито беше уникатна можност и моравме да ја искористиме. Втората ѕвезда со Интер е огромна чест. Успехот е за сите наши навивачи и луѓе во клубот. Повеќе од 100 луѓе работеа за да се постигне оваа цел“, прокоментира Аргентинецот.

„Се надевам дека ќе потпишам нов договор, но мора да постигнеме „дил“ со клубот. Сепак, сега е време за славење и сакам да уживам“, додаде Лаутаро.

Аргентинскиот напаѓач ја предводи листата на стрелци во Серија А со 23 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови