Connect with us

Лапорта: Нема да ја напуштиме идејата за Суперлига

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, јасно стави до знаење дека клубот продолжува да верува во проектот за Суперлигата и дека не планира да го напушти.


„Добро е што сме тука, бидејќи на овој начин можеме да станеме еден вид мост меѓу УЕФА и Суперлигата“, изјави Лапорта.


Како што е познато, на 18 април 2021 година, 12 од најголемите клубови во Европа го најавија создавањето на Суперлигата, но веста наиде на негативни реакции и кај навивачите и кај раководството на УЕФА.


Два дена подоцна девет клуба, Манчестер Сити, Арсенал, Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Интер и Милан, го напуштија проектот. На почетокот на минатиот месец тоа го направи и Јувентус.


Така, зад идејата за Суперлига сега стојат само Барселона и Реал Мадрид.


По средбата со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, Лапорта изрази уверување дека Барселона не е загрижена за воведување нови санкции поради финансиските проблеми и сигурно ќе учествува во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови