Connect with us

Лапорта: Барселона ќе бара преигрување на Ел Класико

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека клубот ќе бара преигрување на дербито со Реал Мадрид, доколку се докаже дека голот на Ламин Јамал е регуларен. Тој вели дека ќе бараат докази од Шпанската фудбалска федерација дали топката ја минала гол – линијата.


„Побаравме од Шпанската фудбалска федерација да ни достават снимки и аудио снимки од ВАР од поништениот гол на Јамал. Ако тоа беше гол, не ја отфрламе можноста да бараме преигрување на мечот. Ќе одиме далеку, не исклучуваме ништо“, изјави Лапорта.

Барселона двапати имаше водство на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот го загуби Ел Класико со 3-2 и практично ја загуби трката за шампионската титула во Ла Лига. Сега „кралевите“ имаат 11 бода предност на врвот на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови