
Пари Сен Жермен будно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорт. Се чини дека Шпанецот ќе го напушти „Итихад“ на лето, бидејќи клубот планира многу да инвестира во привлекувањето на Јошко Гвардиол од Лајпциг.
Досега се сметаше дека Барселона е фаворит за потписот на Лапорт. Фудбалерот исто така посочи дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“. Сепак, Каталонците можеби нема да ги имаат потребните финансии за ваков трансфер, бидејќи Манчестер Сити за дефанзивецот постави цена од 50 милиони евра.
ПСЖ може да ја искористи ситуацијата и да и го „украде“ Лапорт пред Барселона. Францускиот тим бара нов централен дефанзивец кој ќе го замени Серхио Рамос, кој се очекува да замине на лето кога ќе му истече договорот. Затоа е таргетиран Лапорт.
Фудбалерот сака да го напушти „Итихад“ бидејќи е незадоволен што не игра редовно. Тој оваа сезона забележа само 16 настапи во сите натпреварувања. За него се заинтересирани и Челси и Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
