Connect with us

Лапорт е желбата на Масимилијано Алегри

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ејмерик Лапорт, е желба на италијанскиот калчолигаш Јувентус. Тренерот Масимилијано Алегри смета дека тој би бил идеално решение како партнер за Леонардо Бонучи и за Матијс де Лихт во одбраната на „старата дама“.


Шпанецот имаше одлична сезона со „граѓаните“, но ротациите на Гвардиола, со враќањето на Стоунс, би можеле да го остават на клупата следната сезона.


Шпанскиот стопер има договор до 2025 година и огромна плата, но Јувентус ќе се обиде да му понуди „недопирлив“ статус. Тој дојде во Манчестер Сити од Атлетик Билбао во 2018 година за сума од 65 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови