Connect with us

Лампард ќе седне на клупата на Кристал Палас?

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас е во потрага по нов менаџер откако 73-годишниот Рој Хоџсон по завршувањето на сезоната и дефинитивно ќе замине во пензија. На искусниот стратег му истекува договорот со клубот, а тој смета дека дошол моментот да се збогува и да се повлече од тренерскиот занает.

Раководството на Кристал Палас веќе размислува кој ќе го замени Рој Хоџсон, а прв фаворит е Франк Лампард, поранешниот менаџер на Челси и на Дерби Каунти. Покрај Лампард, во опција се и Пауло Фонсека, сегашниот тренер на Рома, како и Стив Купер и Дин Дич.

Лампард исто така се поврзува и со позицијата селектор на младата фудбалска репрезентација на Англија до 21 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови