Connect with us

Лајпциг му даде ултиматум на Манчестер Сити за трансферот на Јошко Гвардиол

Манчестер Сити во рок од две недели мора да го финализира трансферот на Јошко Гвардиол. Ваков рок на „граѓаните“ им одреди актуелниот клуб на Хрватот, Лајпциг.


Причината е што тренерот на Лајпциг сака да го знае конечниот состав на кој може да смета следната сезона, пред натпреварот од Суперкупот на Германија против Баерн Минхен на 12 август.
Лајпциг веќе бара потенцијални замени за 21-годишниот Гвардиол.


Пред десетина дена се појави информација дека двата клуба се договориле за зделка вредна 100 милиони евра, колку што бараше Лајпциг за централниот дефанзивец, но тогаш спортскиот директор на германскиот клуб демантираше дека има договор.


Проблемот во моментов е што според предлогот на Сити, нешто повеќе од 10 милиони од наведената сума се во форма на бонуси, чии услови според „биковите“ се нереални.


Најверојатно, сепак, овој проблем ќе биде решен и Сити ќе го добие своето второ ново засилување летово по Матео Ковачиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови