Connect with us

Лабуништа се засили со Петар Љамчевски од Пелистер

Лабуништа доби повеќе од сериозно засилување за новата сезона во Втората лига – Запад ангажирајќи го досегашниот фудбалер на битолски Пелистер, Петар Љамчевски.

27-годишниот Љамчевски треба да биде квалитетно освежување за средниот ред на Лабуништа во обидот за нов висок пласман во второлигашката конкуренција следната сезона.

Љамчевски, покрај за Пелистер, претходно во својата кариера има настапи и за Силекс, Еуромилк ГЛ и Металург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови