Connect with us

„Л’Екип“ открива: Серхио Рамос ги „построил“ Меси и Нејмар зошто малтретирале друг фудбалер на ПСЖ

ПСЖ го направи незамисливото. Во ист тим ги спои Серхио Рамос и Лео Меси. Идилата не траеше долго. Поточно две сезони. Дојдоа и си заминаа во исто време.

Во јавноста се претставуваше дека ги „закопале секирите“ од дуелите меѓу Барселона и Реал Мадрид, но се чини дека вистината била сосема поинаква на тренинзите.


„Л’Екип“ објави приказна од еден од тренинзите на ПСЖ каде Серхио Рамос ги „построил“ Меси и неговиот добар пријател Нејмар затоа што малтретирале некој помирен од нив.

„Меси и Нејмар се големи фудбалски ѕвезди и важат за недопирливи, додека не налетаат на некој посилен од себе. Во овој случај тоа беше долгогодишниот капитен на Реал. Минатата сезона, по еден тренинг, Меси го крена гласот против Ашраф Хакими“, раскажа неименуван извор за „Л’Екип“.

„Нејмар, кој е многу близок со Меси, стана да интервенира и да му помогне на Аргентинецот пред да биде сопрен од Серхио Рамос. Тој му рече: „Ајде дојди ако можеш, или ако сакаш јас ќе дојдам!“

„За среќа на сите, тимот го имаше Рамос кој беше вистински лидер. Рамос често делуваше како тампон зона помеѓу неколку играчи во тимот кои не можеа да се поднесат“, изјавил еден фудбалер на ПСЖ за минатиот период.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови