Новото засилување на Барселона, Жул Кунде, истакна дека тренерот Чави го убедил да дојде на „Камп Ноу“. Францускиот дефанзивец истакна дека трансферот во Барселона за него е огромен чекор напред во кариерата.
„Многу сум горд и благодарен за оваа можност. Возбуден сум бидејќи пристигнувам во голем клуб. Едвај чекам да се сретнам со моите соиграчи и да почнам да играм. Севилја е исто така голем клуб, но Барселона е огромен чекор напред во мојата кариера. Сакам да се борам за сите трофеи. Тренерот Чави е една од главните причини поради кои сум тука. Разговарав со него неколку пати. На ист начин гледаме на фудбалот“, изјави францускиот репрезентативец Жул Кунде.
The first thoughts from @jkeey4 on his arrival in Barcelona pic.twitter.com/CQTb5ms6L5
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 28, 2022
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski