Connect with us

Кукуреља го турна Челси кон ЛШ (ВИДЕО)

Челси успеа да го скрши отпорот на Манчестер Јунајтед и со минимални 1-0 да слави на „Стемфорд Бриџ“, останувајќи во трката за Топ 4 во Премиер – лигата.

Натпреварот започна бурно – Хари Мегваер прв ја затресе мрежата, но радоста на „црвените ѓаволи“ траеше кратко. ВАР го поништи погодокот поради минимален офсајд. Челси веднаш возврати – Рис Џејмс погоди статива и навести дека „сините“ нема да попуштат лесно.

Следуваше динамична игра со шанси од двете страни – Палмер, Маунт и Фернандез имаа свои моменти, а во вториот дел Челси доби пенал по старт на Онана. Сепак, повторно ВАР се вмеша и ја поништи одлуката.

Судбината на дербито ја реши левиот бек Марк Кукуреља. Во 71. минута, по мајсторска асистенција од Рис Џејмс, Кукуреља ја смести топката во мрежата со удар со глава и донесе вредни три бода за „сините“.

До самиот крај имаше уште неколку шанси, но резултатот остана непроменет – 1-0 за Челси, кој сега има 66 бодови и е пред пласман во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови